ОУ „Климент Охридски“ во Делчево штеди пари од енергетска ефикасност

Од:

Енергетската ефикасност на делчевската деветолетка „Св. Климент Охридски“ и донесе заштеда од 520.000 денари за една година. Директорката на деветолетката, Валентина Михаиловска, истакна дека овие средства ќе се пренаменат за потребите на училиштето.

– Планираме околу 440.000 денари да одвоиме за лап топ компјутери, за потребите на училиштето и наставата, а останатите пари ќе бидат наменети за да ги смениме внатрешните врати на училниците и канцелариите, рече Михаиловска.

Таа истакна дека 2016 и дел од 2017 година за училиштето се години со најмногу реализирани проекти.

– Стартуваме со едносменска работа. Проект на училиштето вреден 245.000 денари со што се направија четири нови училници. Потоа добивме проект од МОН вреден 183.000 евра со кој беше сменета целата столарија и кровната конструкција. Така што по една училишна година ние веќе штедиме средства, истакна Михаиловска.

Последната инвестиција во ова училиште е реконструкцијата на четири санитарни јазли, но и инсталацијата на шест калорифери за затоплувањето на спортската сала што е привремено решение додека не се приклучи и спортската сала на парната инсталација. Во ова училиште учат околу 600 ученици.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он