Синдикатот на култура бара итно укинување на сите законски измени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараат итно укинување на законските измени од 2014-та година со кои се третираат како административци.
Од новиот министер, Роберт Алаѓозовски бараат донесување на колективен договор, повисоки плати, непартизирани директорски места и адекватен партнерски третман за сите прашања кои се однесуваат на нив.
Вработените во културата бараат одговорност од министерството за труд и социјална политика кое, според нив, било главна кочница изминатите години за остварување на нивните права. Бараат и преиспитување на репрезентативноста на Синдикатот на образованието, науката и културата СОНК, чие досегашно дејствување, велат било во интерес на политиките на претходната владејачка гарнитура.