Циндриќ по стапките на Душебаев во Кјелце

Од:

Лука Циндриќ кој со голот во последната секунда од полуфиналето против Барселона, го одведе Вардар до финалето во Лигата на шампионите, а подоцна го освои и шампионскиот трофеј, од следната сезона ќе се пресели во полскиот тим Кјелце.

Како што објавува хрватскиот веб-портал „Индекс“, 23-годишниот хрватски репрезентативец веќе го договорил трансферот со полскиот шампион и тоа на три сезони.

За хрватскиот бек, според „Индекс“, биле заинтересирани и најголемите европски клубови, Барселона, Веспрем и Рајн Некар Левен, но, Циндриќ сепак, се одлучил за полскиот тим кој од клупата го предводи Талант Душебаев, а за кој следната сезона ќе настапува и неговиот син актуелниот вардаровец Алекс Душебаев.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица