Македонскиот ракометен првак Вардар денеска со почеток во 18 часот во Келн, Германија ќе го има својот историски настап на завршниот „фајнал фор“ турнир од Лигата на шампионите.
Вардар е првиот македонски турнир што успеал да се пласира на Ф4 турнирот. „Црвено-црните“ во својата 11 сезона во елитното натпреварување имаат 12 победи на 16 натпревари и очекуваат продолжување на добрите игри и резултати.
Алекс Душебаев кој дел од најдобрата постава на сезоната за Вардар ќе ги одигра последните два натпревара па посакува со победа да се прости од своите соиграчи.
– Работевме напорно. Дојдовме до завршницата, и тука треба да го покажеме најдоброто од Вардар. Барселона е искусен тим, и знаат како е да се игра на Ф4 во Келн, и го имаат освоено и трофејот. Ние сме максимално мотивирани за успех, и ќе треба да дадеме 120% од своите можности за да ја совладаме Барселона. Мислам дека одбраната ќе решава, тие имаат еден од најдобрите светски голмани, Гонзало, а нападот мора да биде на високо ниво ако сакаме да постигнуваме лесни голови. Гладни сме за титула и ќе дадеме се од себе, вели Душебаев.
Македонија покрај својот првак Вардар, во Келн ќе ги има и капитенот на националниот тим Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски кои попладнево ќе бидат во спротивниот табор, тимот на Барселона.
Во првото полуфинале од 15:15 часот ќе играат Веспрем и ПСЖ.