Распоредувањето на ракетите Патриот по границата на Турција со Сирија претставува закана за безбедноста на целиот регион. Тоа го изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан.
– Веќе го искажавме ставот за распоредувањето на ракетите Патриот во Турција, нагласи Абдолахиан.
Во викендот началникот на ГШ на иранската армија, генерал Мохамад Хасан Фирузабади изјави дека распоредувањето на ракетите Патриот по границата на Турција со Сирија може да предизвика светска војна.
Распоредувањето на тој вид ПВО беше одобрено од НАТО на 4 декември по барање на Анкара, со цел заштита на националното воздушно пространство поради закани за националната безбедност од кризата во Сирија.