Понизок кредитен раст и забавување на штедењето, пад на индустриското производство, забавни инвестиции. Завршува првото економско полугодие, неизвесноста од политичката криза ги стопи очекувањата за економски раст. Гувернерот Димитар Богов објави намалување на растот од 3,5% на 2,5%, пишува Portalb.mk во новата неделна анализа. “Направена е надолна корекција на проекцијата за економскиот раст за 2017 и 2018 година во однос на октомври. Клучна претпоставка за овие прокеции е продолжени негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите“ – соопштија од НБМ.
Имавме политичка Влада – но не и стабилност!
Првото економско полугодие помина во знак на неизвесност. Начинот на кој се менаџираа финансиите и политиките ќе се препишат на ВМРО-ДПМНЕ. Пред стартот на вторто економско полугодие, одговорноста ќе ја презеде новото парламентрано мнозинство предводено од СДСМ. И досега имавме политичка Влада, но не и стабилност, изјави гувернерот Богов, објавувајќи дека неизвесноста од политичката криза ги стопи очекувањата за раст на економијата на 2,5% .
„Ние сме веќе на половина од годината и политичката нестабилност беше присутна во овој период. Во наредниот период можеме да видиме постепено намалување на нестабилноста, но тоа е сеуште неизвесно. Во претходните две години имавме политичка влада, но немавме стабилност. А, нас ни треба намалување на неизвсноста. Политичката криза во која се наоѓаме веќе трета година има соодветни ценита разлика на неминовниот раст кој макдонската економија можеше да го остварипомеѓу сите индикатори и модели кои упатуваа на таков раст, а не го оствари, таа разлика е штетата која ја претрпе економијата“ – изјави гувернерот Богов.
Дел од економистите веќе алармираа дека економијата ги испрати првите сигнали на ранливост речиси во сите сектори.
„Доминатен фактор за намалување на прогнозите за раст е оваа политичка криза која пред се има ефект врз очекувањата на економските субјекти. Самите очекувања дека се наоѓате во неизвесна средина делува на тоа да не се носат нови инвестициски одлуки и да се реализираат нови проекти и да се воздржуваат од трошење. Од друга страна ММФ, Светската банка и останатите меѓународни институции потврдуваат дека има инвестициска активност и дека невработеноста е намалена, но има значајно влошување на фискалните позиции во однос на останатите земји при она што го тврдите дека го испорачувате како позитивен резултат“ – оцени неодамна универзитетскиот професор Борче Треневски.
Според дел од економисите, годинава не може да се очекуваат и да се почуствуваат големи економски промени, но за почеток, како добар сигнал до домашните фирми и странските инвеститори ќе биде потегот за формирање нова Влада.
„Во поголем дел од случаите секоја нова Влада спроведува одредени реформи, но случајот на Македонија е специфичен и велиме дека мора да биде реформистичка, бидејќи ние сме на работ на егзистенција како држава со огромни јазови во сите сфери. За да направи промени, идната Влада треба да има јасна визија која може да ја спроведе само добро лидерство што верува длабоко дека реформите се нужни за доброто на Македонија. Многу важно за деловната заедница од политички аспект е најпрво да имаме стабилна влада и истата државниот интерес да го стави пред се. Секако со ова би се отсраниле вообичаените пречки за развојот на стопанствот, стабилна политичка клима. Второ, но не помалку важно би требало да биде враќањето во фокус на прашањата за интеграцијата во Европската Унија и членство во НАТО алијансата“ – оцени за Portalb.mk аналитичарот Фатмир Битиќи.
Она што краткорочно ќе биде значајно е новото задолжување преку Еврообврзница, која е предвидена со Буџетот за 2017 година. Од СДСМ изјавуваат дека потпис на ова ново задолжување ќе стави новата Влада. Еден од приоритетите ќе биде и менаџирањето на Јавниот долг кој веќе се приближува до граница на 60% од БДП.
„Доколку се земе и просечната разлика помеѓу Македонскиот државен и јавен долг во изминативе години, одржливата граница на Македонскиот јавен долг би се движела помеѓу 51% и 59,2% од БДП. Споредено со сегашното ниво (крај на 2016) на државниот долг од 39,1% од БДП, односно на јавниот долг од 47,8% од БДП, пресметаното одржливо ниво укажува дека државниот и јавниот долг се сéуште во сферата на одржливоста, но блиску до границата на одржливоста“ – велат од “Financethink“ – Институтот за економски истражувања и политики
Експертите велат дека на долг рок- на патот ќе има многу прблеми кои ќе бараат одржливи решенија.
„Секако дека приоритет на политичката агенда ќе бидат економските прашања и зачувување на социјалната стабилност, но лошата состојбата во која се наоѓаат македонското образование, здравство, судство, јавна администрација и т.н. е предизвик сама по себе. Со оглед на фактот што сега, во Република Македонија, има институционална неефикасност, новата Влада не ќе може од „технички аспект“ само да ги ресетира институциите, туку ќе треба да направи значителни квалитативни подобрувања. Всушност, промените кои новата влада треба да ги направи за да овозможи функционалност на целокупниот систем на Република Македонија ќе бидат многу комплексни, па оттука неизбежно е истите да се оквалификуваат како реформски“ – вели за Portalb.mk универзитетскиот професор Предраг Трпески.
Во последните десет години, највисока стапка на економски раст од 6,5% е измерена во 2007 година, а по неа следува 2008 година со раст на БДП од 5,5%. Но ведаш потоа, како рефлексија од глобалната финансиска криза, се случува силен рецесиски удар – во 2009 година економија е во минус со 0,4%. Во изминатата деценија, одбележана е уште една година во рецесија, 2012 со пад на економијата од 0,5%. Ланската 2016 година заврши со раст од 2,4%.
Анализа на Portalb