Најмалку девет луѓе се полесно повредени при експлозија во трамвај во украинскиот град Дњепропетровск.
Портпаролката на украинското министерство за итни ситуации, Јулија Јерашова изјави дека причина за експлозијата е истурен барут.
Како што наведува таа во соопштението, еден патник кој се занимавал со рекреативно ловење испуштил кутија со барут во трамвајот кој подоцна предизвикал експлозија.
Дњепропетровск е четврти по големина град во една од земјите домаќини на ЕУРО 2012. Се наоѓа во централниот дел на Украина.
Иако се планираше, сепак во него не се одржува ниту еден натпревар од Европското фудбалско првенство. Порано беше познат како Екатеринослав.