Борисов и Самарас ја поддржуваат европската интеграција на Балканот

Од:

Грција и Бугарија се согласуваат со текстот, усвоен едногласно од ЕУ во врска со Македонија, во кој како предуслов е утврдено почитувањето на добрососедските односи, изјави денеска во Атина грчкиот премиер Андонис Самарас на заедничка прес-конференција со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Истакнувајќи ја заедничката поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, Самарас додаде дека почитувањето на добрососедските односи ќе се набљудува и ќе се оценува, јави дописникот на МИА од Атина.

– Задоволен сум со почитувањето на принципите и критериумите што постојат во Европа. Во вакво време на криза и проблеми во целиот свет, конфликтите и иредентизмот не водат никаде. Секоја земја мора да сфати дека таквите политики не можат да бидат услов за интеграција, изјави Самарас.

Според Борисов, Бугарија најмногу ја поддржала Македонија во нејзината европска интеграција.

– Но, не можам да прифатам да се прават филмови против Бугарија на тема спасување на евреите за време на нацизмот. Бугарија спаси 50 илјади Евреи и тоа го признаваат сите, вклучувајќи го и Израел, изјави Борисов.

Тој, исто така, го повтори ставот на Бугарија за почитувањето на добрососедските односи и „взаемното почитување на сите страни“, истакнувајќи дека Бугарија ја поддржува интеграцијата во ЕУ и НАТО на сите земји од Балканот доколку се исполнуваат овие услови.

Во рамките на втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу владите на Грција и Бугарија, денеска во Атина во присуство на двајцата премиери беа потпишани седум документи за соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он