(ВИДЕО) Канческа Милевска: Не го познавам лицето со качулка со кое се поздравив

Од:

Министерката за култура во оставка, Елизабета Канческа Милевска пред отварањето на новата филхармонија рече дека не го познавала лицето со качулка со кое се поздравуваше во пленарната сала во Собранието додека во прес центарот насилниците брутално ги тепаа нејзините колеги од парламентарното мнозинство.

Таа не одговори како може да се поздрави со лица кои подоцна тепаа новинари и пратеници.

– Ова е убав настан вечерва, се надевам ќе се согласите дека треба дојстојно да се отвори новиот објект на филхармонијата, рече Канческа Милевска.

Министерката во оставка кажа дека ниту еден лидер од политичка партија не бил повикан, туку дека сите си ги купиле картите за да влез на настанот, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата сопруга не покажаа карти на влез во салата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“