На Јана Станисављева, поранешната директорка на МПМ, мала и била плата од 25.000 евра месечно.
Затоа власта и овозможила и дополнителни приходи.
Станисављева, заедно со актерката Јелена Жугиќ, била член и на Управниот одбор на Филмскиот фонд на Македонија од каде што примала соодветен надоместок.
Но тоа не е се.
Станисављева била член на управните одбори на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, од каде исто така е разрешена.