Поранешниот претседател на Романија Јон Илиеску и поранешниот премиер Петре Роман се јавија денеска во Јавното обвинителство за да бидат сослушани од страна на воените обвинители во врска со рударските протести во 1990 година.
Извори од судот информираа дека Илиеску и Роман биле повикани во Обвинителството за да бидат запознати со проширувањето на обвинението, откако во декември 2016 година двајцата беа обвинети за злосторства против човештвото.
Во случајот за протестите на романските рудари во периодот од 11 до 15 јуни 1990, освен Илиеску и Роман, се гонат и тогашниот директор на разузнавачката служба Вирџил Мугуреану, потпретседателот на тогаш владејачкиот Фронт за национален спас, Николае Думитру и некогашниот заменик јавен обвинител Мугурел Кристијан Флореску.
Во средината на 1990 година, по парламентарните избори во Романија, демонстранти кои ја поддржуваа опозицијата одржуваа протести во центарот на Букурешт, барајќи на оставка на Владата.
На Универзитетскиот плоштад во Букурешт, каде протестираа демонстрантите, се приклучија и рударите од рудникот за јаглен што се наоѓа во регионот на долината на реката Јиу. Потоа романската полиција ги разби протестите на кои учествуваа над десет илјади рудари и други работници од цела Романија.
Романските обвинители утврдија дека при растерувањето на протестите загинале околу 100 лица, а речиси 1.300 биле повредени.
Воените обвинители тврдат дека обвинитите донеле одлука, оргнизирале и координирале „заеднички системски напад“ против цивилно население.