Поранешниот романски претседател и актуелен сенатор Трајан Басеску ги обвини властите за небрежност и го повика обвинителството да изврши истрага за смртните случаи како резултат на морбили, објавија романски медиуми.
Басеску упати остар повик преку Фејсбук на адреса на властите во врска со епидемијата на морбили во Романија сметајќи дека тоа е предизвикано од небрежност на властите.
– Масовен криминал, а никој не е одговорен. Над 5.000 деца се заболени од морбили, од кои 25 починаа, Еден масовен криминал предизвикан од немарност на Министерството за здравство, од владите во измиантите три години кои не обезбедиле вакцини, напиша поранешниот претседател.
– Лажно соопштение е дека починале само деца кои не биле вакцинирани, без да се даде никакво објаснување, наведува Басеску.
– Треба да се поведе истрага од обвинителството бидејќи епидемијата се уште не е запрена, наведува Басеску и доава дека голем број е децата се „жртви на државата“ бидејќи родителите сакале да ги вакцинираат, но вакцини немало во амбулантите ниту во аптеките.