Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е одредена да го суди полуфиналето во ракометната Лига на шампиони меѓу Веспрем и ПСЖ што се игра на 3.јуни во Келн.
Во второто полуфинале во кое игра македонскиот шампион Вардар против Барселона судии ќе бидат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.
Во недела на 4. јуни „малото финале“ ќе го судат Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска, додека за финалето се делегирани германските судии Ларс Гепел и Маркус Хелбиг.