Кривична пријава за двајца нарко-дилери

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (45) и Л.М. (29) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При реализацијата на случајот пронајдени и одземени се вкупно 16,3 грама наркотична дрога марихуана и 14,2 грама наркотична дрога хероин. Од страна на Истражен судија на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека М.И. и Л.М., подолго време од пред домот на второпријавениот продаваат паковки со хероин и марихуана, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје превзема соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази и фаќање на истите.

Така на почетокот на месецов беа обезбедени три лица од кои се одземени две кесички со вкупно еден грам наркотична дрога хероин, за која во разговорот појаснија дека ја  купиле од М.И. и Л.М. На 02.12 околу 23,00 часот на ул. “Илинденска“ извршено е легитимирање и личен преглед на М.И. и Л.М.  и при тоа кај второпријавениот е пронајдена една рачно направена цигара со 2,6 грама наркотична дрога марихуана.  При личниот претрес кај М.И. и Л.М. се пронајдени и одземени и три мобилни телефони, шест банкноти од по 1000 денари , четири банкноти од по  500 денари, како и 39 банкноти од по 100 денари.

Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје ЕНТДО а  по претходно издадена наредба од Истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје,  извршен е претрес во домот на Л.М. на бул. “Илинден„  Скопје каде се пронајдени уште две најлонски пакувања, две зипер кесички и една полиетиленска паковка со 13,2 грама наркотична дрога марихуана, една хартиена и една полиетиленска паковка со 0,4 грама наркотична дрога хероин. Извршен е и претрес на  ПМВ марка “Голф“ со скопски регистерски таблички за кое клучот е пронајден при личниот претрес на М.И. и притоа пред совозачкото седиште во просторот за воздушно перниче се пронајдени една поголема полиетиленска паковка и една кесичка со четири полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин  со вкупна  маса од 12,8 грама и една кесичка со наркотична дрога марихуана со маса од  0,5  грама.

Од извршениот разговор со двајцата дознаено е дека минатиот месец од НН лице од с.Арачиново купиле 30 грама наркотичната дрога хероин спакувана во три пакувања од по 10 грама за цена од 390 евра. Дел, пак, од марихуаната препакувале во помали количини и ја продавале на уживатели од Скопје по различна цена во зависност од количината, а дел ја чувале кај себе со намера да ја продадат откако ќе најдат купувачи. Инаку М.И. и Л.М. се познати извршители на кривични дела од овој вид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер од Тетово

Притворени двајца дилери, полиција ги уапсила како препакуваат дрога

Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, уапсено се четири лица

Полицијата уапси дилер од Скопје