Богод: Во Романија има недостиг на лекари

Од:

Романскиот министер за здравство Флориан Богод признава дека во Романија има криза поради недоволен број на лекари, пишува весникот „Романија либера“.

– Романија е исправена пред криза со лекарите, изјави Богод, дополнувајќи дека бројот на лица кои заминале на специјализација во други земји достигнал до 12.000.

– Најголем проблем имаме во областа на анестезијата – интензивната терапија. Одлуката е да ги доведеме во земјата, да ги зачуваме во земјата, наведе Богод, нагласувајќи дека кризата со медицински персонал е посебно изразена во градовите каде нема универзитетски центри, односно во малите градови и малите болници.

Според министерката за труд Олгуца Василеску со усвојувањето на законот за единствено плаќање, во 2018 година платите во медицината ќе достигнат до 3.600 евра.

На тој начин висината на платите ќе достигне до 70 проценти од нивото на платите во Европската унија и лекарите повеќе нема да ја напуштаат земјата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски