Томислав Османли добитник на наградата „Урбан“

Од:

Томислав Османли е добитник на годинашнава награда „Урбан“ што ја доделува „Урбаниот Институт – Скопје“ за афирмирање на македонската урбана култура.

Наградата се доделува за неговата долгогодишна и континуирана дејност во негување на урбаните вредности и традиции на поголем број креативни полиња, вклучувајќи ги и урбаните книжевни вредности на неговото најново остварување, романот „Зад аголот“, кој беше неодамна промовиран пред читателската публика.

Одлуката за наградата ја донесе Редакцијата на „Урбан Институт – Скопје“ и минатогодишните добитници проф. д-р Васил Тоциновски (професор на Универзитетот во Риека), и Петер Петрески (директор на ЈОУ „Борка Талески“ од Прилеп).

Со своето творештво посветено на негувањето на урбаната култура, Томислав Османли поставува основа за понатамошно истражување и развивање на стрипот, кој засега е на маргините на македонската култура.

Османли е автор на неколку играни сценарија, истакнат драмски автор, добитник на повеќе значајни награди и признанија. Неговата студија „Филмот и политичкото“ (1981) се бележи како првата теоретска книга посветена на Седмата уметност, урбаните есеи „Медиумот што недостасува“, како и теоретската книга „Стрип запис со човечки лик“ (1987 и 2002) која е се уште единствена книга посветена на Деветтата уметност во Македонија, придонесуваат за развојот и унапредувањето на македонската урбана мисла.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање