Во својата последна колумна во „Дневник“, Мирка Велиновска пишува дека Македонија е окупирана, а за тоа обвинува низа политичари, додека Иванов го претставува како последна државна институција која ја симболизира државноста на Македонија иако смета дека тој претставува „фикус“ и е помалку и од англиска кралица.
„Од минатиот четврток Македонците целосно ги изедначија во вината Зоран Заев и Никола Груевски. Kако што претходно истото го сторија со Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. СДС – балистичка и ВМРО-ДПМНЕ. Во обете окупации активно учествува контракторот СДСМ, кој, иако узурпатор и криминалец, се беше самопрогласил како единствен наследник на асномска Македонија. СДС е друштво на квислинзи и соработници на окупаторот. И е историски непобитно збир од човечки шљам, нормално, без достоинство.
За денешново дереџе најдиректно според моќта и командната одговорност, според дејствата се виновни: Бранко Црвенковски, Владимир Милчин, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Тито Петковски, Љупчо Георгиевски, Доста Димовска, Никола Груевски, Никола Поповски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков. Институционално, колаборационисти во квислиншката држава се УKИМ, МАНУ, МПЦ, Историскиот институт, Институтот за македонски јазик, УKИМ, МВР, МО, МНР, Министерството за правда, медиумите и нивните сопственици.
Ѓорге Иванов, иако целосно изолиран и непризнат за авторитет од домашните партиски главатари, а игнориран од медиумите, иако политички со најмалку уставни овластувања, како последна државна институција која ја симболизира државноста на Република Македонија е на пат со своето недејствување и запрепастувачка „неутралност“ во услови на преврат и странска окупација да добие историско признание и титула на врховен соучесник, ако не и капитулант.
Она што овој пат ќе биде првпат изведено е што црпнатиот и штрапан Заев прави с` да биде запишан како човек што сака антифашистичка Македонија да биде запишана како предизвикувач на регионална војна и за казна Советот за безбедност при ООН експресно да биде осуден и линчуван.
Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.
Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок“, пишува Велиновска во нејзината колумна во „Дневник“.