(ВИДЕО) Жерновски: Храбар и силен зад телефонот, уплашен и кукавица во Судот

Од:

Храбар и силен позади телефонот, уплашен и кукавица на Судот. Поранешниот претседател на Владата, сега претседател на најголемата опозициска партија, повторно избега од правдата. Сето тоа го прави бидејќи се крие позади партизираното судство, за мене и за сите нас нема никаква дилема, рече градоначалникот на Општина Центар, Жерновски.

– Ова се последните мигови на Никола Груевски, верувам последните мигови на партизираното судство. Ова судење е доказ дека не е вистина тоа што го кажа во јавноста дека никогаш не повикал на насилство бидејќи можеше јавноста јасно да се увери каков е Никола Груевски. Се надевам дека правдата ќе победи, дека ќе биде осуден тој и сите кои му помагаат во овие злодела затоа што без санкционирање не можеме да се надеваме дека ќе излеземе од кризата во која што се наоѓа Македонија. Се уште верувам дека ќе бидат осудени тие кои ги вршат овие насилства, затоа што цела декада се наоѓаме под терор којшто го организира и спроведува Никола Груевски, рече Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел