Артисти од Германија, Бугарија, Холандија, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал за улична уметност за живите статуи „Урбан фест“, кој денеска и утре ќе се одржува на скверот „Јадран“ во општина Центар.
Општина Центар го поддржува фестивалот, кој ќе почне вечер во 20 часот на скверот „Јадран“. В сабота фестивалот ќе трае преку целиот ден, а крајот ќе го заокружат диџеите Маци и Оги.
В сабота, за време на концертот на „Летечки пекинезери“ ќе настапат и артисти од „Европски статуа проект“, а граѓаните ќе ги забавува и музичката група „Фолтин“.
Вообичаеното донирање во шапките на артистите ќе биде наменето за лекување на самохраната мајка Наташа, која боледува од рак.