Во рамки на концертната турнеја низ Македонија, пијанистот Симон Трпчески вечер ќе настапи во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. На концертната програма се дела од Шуберт, Гуно, Доницети, Моцарт, Григ, Пучини, Росини, Шахов, Зографски, Лековски….
Како што информира Здружението КултурОп, концертот во Кочани е со хуманитарен предзнак и е резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката во градовите во кои се одржаа првите пет циклуси (Гевгелија, Струмица, Прилеп; Штип, Куманово, Тетово; Гостивар, Битола, Струга; Валандово, Кавадарци, Охрид и Велес; Кичево).
Партнер на проектот е Министерството за култура, а поддржувач е Општина Кочани.