Земјотрес со јачина од 7,1 степен го погоди централниот дел на Чиле

Од:

Земјотрес со јачина од 7,1 степен, според Рихтеровата скала, денеска го погоди Чиле, во близина на главниот град Сантјаго, соопшти американскиот геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот, што се почувствувал во зградите во Сантјаго, бил на 35 километри западно од крајбрежниот град Валпараисо на 10 километри под морското дно.

Властите во Чиле дадоа наредба за превентивна евакуација во крајбрежниот регион до Валпараисо, но набрзо ја откажаа бидејќи Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами објави дека не се очекува цунами како последица од земјотресот.

Според првичните информации нема жртви, ниту материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада