Претседателот на романскиот Сенат Калин Попеску Таричану е избран за претседател на партијата Алијанса на либералите и демократите (АЛДЕ) – помалиот коалициски партнер во Владата на Романија.
Изборот на лидерот на АЛДЕ се случи за време на работата на вториот конгрес на партијата по формирањето на политичката формација преку обединување на реформистичката либерална партија и Конзервативната партија на 19 јуни 2015 година, кога Даниел Константин и Калин Попеску Таричану станаа копретседатели на партијата.
Таричану беше единствениот кандидат за функцијата и беше поддржан од 1.065 делегати, од вкупно 1.094.
Пред конгресот Даниел Константин изјави дека нема да учествува на него.