Романската гранична полиција соопшти дека пронашла 111 нелегални мигранти, скриени во камион.
Мигрантите биле откриени синоќа на романско-унгарската граница, наведе романската полиција.
Во групата имало Ирачани, Сиријци, Иранци, Авганистанци, Пакистанци и Индијци на возраст од две до 53 години.
Возачот на камионот е Романец. Тој е задржан како соучесник.