„Актерот“ – роман за Ристо Шишков од Братислав Ташковски

Од:

„Матица македонска“ објави роман за Ристо Шишков „Актерот“ од Братислав Ташковски, кој ќе биде промовиран во вторник напладне во Македонскиот народен театар.

Според Јордан Плевнеш, кој ќе го претстави романот, ехото од него ќе одекне во Македонија, но и меѓу македонската дијаспора која, вели тој, уште за време на животот го прогласи Ристо Шишков за светец на македонскиот идеализам.

– Македонскиот театарски и филмски Исус Христос и неговата голгота се насликани со разорна раскажувачка поетика која ви го корне срцето. Кога го читате овој роман, погледнете ја сликата на Рембрант „Час по анатомија“ и слушајте го Реквиемот на Моцарт – тогаш пред вас ќе помине големата поворка од мизерни прогонители, соголени до коска, кои убивајќи го Актерот Беломорски, мислеа дека ќе ја убијат Македонија. Со својот уметнички живот и со своето интимно биографско распетие, Беломорски докажува дека Македонија нема избор: таа е вечна како што се вечни сите големи хуманистички идеи на Балканот, во Европа и во светот, пишува Плевнеш за книгата на Ташковски.

Покрај него, за романот ќе зборуваат Венко Андоновски и Бранко Ставрев. Студенти од Универзитетот за аудиовизуелна уметност ЕСРА на промоцијата во МНТ ќе изведат дел од драмата „Уааа, седум сцени за Ристо Шишков“ од Братислав Ташковски, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање