А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворен нов Центар за млади и децата со сетилна попреченост

by А1он21/04/2017 - 15:20192
Share0

Под мотото „Место за секој има еднакво под сонцето“ денеска НВО „Детски Свет – Нов Почеток“ и уште неколку невладини организаци ги отворија новите простории и најавија повеќе проектни активности за лицата со оштетен вид, слух и говор.

Добивај вести на вибер

Претседателот на НВО „Детски Свет-Нов Почеток“ Суарет Алишан, кој и самиот е со оштетен вид, вели дека тие покажале дека со волја и упорност, може да се победи темнината и да се осветли патот кон иднината за лицата со попреченост.

– Новиот Центар што денеска го отвораме ќе нуди психо-социјална поддршка за деца и младинци со визуелна попреченост како со видот, слухот така и говорот. Првпат децата ќе можат да бидат мотивирани да размислуваат и да бидат покреативни, истакна Алишан.

Тој најави дека за една недела ќе биде отворен нивниот портал „НВО-Блиску до граѓаните“ кој ќе биде од социјален карактер и кој ќе има само социјални содржини, ќе биде интерактивен со поддршка за лицата со сетилна попреченост и за лица опфатени со социјален ризик.

– Нашата организација сака да покаже дека понекогаш спортот не е пречка ние да бидеме еднакви. Во наредниве денови додека треа проектот, односно до 24 мај ќе покажеме како слепите и глувите деца возат ролерки, како играат фудбал и како уживаат во другите спортови, информира Алишан.

Според него законите во образованието за децата со сетилни проблеми се, како што рече, испомешани, а претходно без да ја скенираат ситуацијата ја донеле инклузијата за тие лица. Тој постави прашање како едно слепо дете ќе биде вклучено во редовно образование кога нема стручен дефектолошки тим, а пред се на студиите за дефектологија нема ниту смер наменет за слепи и за глуви лица.

На отворањето на просториите на НВО присуствуваа дечиња со оштетен вид ученици во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Од Организацијата информираат дека Програмата за деца и млади со попреченост и деца опфатени од социјален ризик ќе се фокусира на прилагодување на програмските активности со можностите на државата, основната цел ќе биде да се настојува што побрзо нашето законодавство во делот кој се однесува на децата и младите со визуелена попреченост и деца опфатени од социјален ризик да се прилагоди кон Европската законска регулатива.

slepi lica

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска04/01/2022 - 11:07

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска06/12/2021 - 12:4106/12/2021 - 14:00

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска15/07/2021 - 12:34

Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Ана Ололовска15/10/2020 - 08:33

Здружението на слепи лица во Штип со проект за надминување на предизвиците од коронакризата

Ана Ололовска05/09/2020 - 15:5605/09/2020 - 15:56

Достапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција

Ана Ололовска29/11/2019 - 09:4029/11/2019 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен