„Гугл Ерт“ овозможи нова опција и 3Д патувања

Од:

Во пресрет на Денот на планетата Земја, кој се одбележува на 22 април, компанијата „Гугл“ ја редизајнираше апликацијата „Гугл Ерт“ за корисниците на Андроид уредите и пребарувачот Хром.

Новата верзија на виртуелниот глобус нуди повеќе информации и има подобри функции за прегледување на разни локации ширум светот во 3Д.

Новите виртуелни тури по светот, со помош на редизајнираниот „Гигл Ерт“ ги предводат научници, документатори и други експерти кои им објаснуваат на корисниците детали за планетата Земја. Над 50 експерти се на располагање на корисниците по пат на новата опција „Војаџер”.

Така сега, преку „Гугл Ерт“ можете да го посетите, на пример, Националниот парк „Гомбе“ во Танзанија или да отидете на видео патување во изгубениот град или меѓу урнатините на Маите. Најмладите корисници можат да отидат на излети со куклата Лоли од познатото детско ТВ шоу „Сизам Стрит“.

„Гугл Ерт“ сега има и опција „Се чувствувам среќен“, која корисниците ги води на неочекувани локации. Корисниците на Хром или Андроид речиси сите места – историски, географски или архитектонски чуда на светот, преку „Гугл Ерт“ можат да ги видат тродимензионално од разни перспективи. Овој виртуелен глобус е достапен на 37 јазици.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска