Никола Маџиров на Меѓународен поетски фестивал во Израел

Од:

Никола Маџиров учествува на дванаесеттиот Меѓународен поетски фестивал „Шаар“ што се одржува во израелскиот град Хаифа од 13 до 16 декември.

Песните на Маџиров ќе се читаат на македонски и хебрејски јазик. Освен во антологијата на фестивалот, неговите песни на хебрејски се објавија и во најновиот број на израелското книжевно списание „Дака“ во Тел Авив.

Никола Маџиров во Израел пристигна по учеството на Меѓународниот поетски фестивал „Кибатек“ кој по тресетти пат се одржа во турскиот град Измир, со учество на поети од Турција, Азербејџан, Киргистан, Германија, Хрватска, Казахстан и други земји.

На фестивалот „Шаар“ учествуваат поети од Израел, Шпанија, САД, Ирак, Турција, Чешка, Србија, а учесник од Албанија е Исмаил Кадаре.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање