Ромпуј: Најтешката етапа од европската криза е надмината

Од:

Најтешката етапа од европската криза е надмината, но ни претстои уште многу работа, изјави денеска претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј во крајот на првиот ден од средбата на високо ниво.

– Средбата на високо ниво потврди за патната карта за создавање европски банкарски сојуз, изјави Ромпуј.

Тој додаде дека се надева оти изработката на неопходните закони за формирање банкарска унија ќе заврши во јуни 2013 година.

Министрите за финансии од еврозоната дадоа одобрение вчера да бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош за Атина.

Првата транша од 34,3 милијарди евра ќе биде префрлена во наредните денови, а останатиот дел во првото тримесечје на 2013 година, истакнуваат министрите во заедничка декларација.

Минатата седмица Еврогрупата првично се договори за вкупна сума од само 43,7 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он