Поповолни очекувања за обемот на производството во преработувачката индустрија

Од:

Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е понеповолна, а е поповолна споредено со март лани, оценуваат раководители на фирмите кои очекуваат да се зголеми бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во март во однос на февруари оваа година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на февруари.

Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија е зголемен за 0,3 проценти во март споредено со февруари годинава, а во однос на март лани е зголемен за 3,3 процентни поени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март годинава изнесува 65,3 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 22,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,7 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 16,3 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Фирмите очекуваат зголемен пад на производството, извозот и прометот во април

Ана Ололовска

Нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство

Ана Ололовска

Семинар за автоматизација во композитното производство

Ана Ололовска

Индустриското производство и натаму паѓа

Ана Ололовска

Се кратат работничките права

Емир Латифовиќ