Станковски: Со поагресивна игра во второто полувреме дојдовме до посакуваниот резултат

Од:

Вардар вечерва со 26-24 го победи Митјиланд во реванш четвртфиналниот натпревар од лигата на шампионите и по четврти пат ќе игра на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Помошникот тренер Аце Станковски не беше задоволен од играта во првото полувреме.

– Во Скопје ривалот одигра подобро отколку во првиот меч. Ние одигравме слабо прво полувреме, поради многуте технички грешки, што не е карактеристика за нашата игра. Митјиланд одигра цврсто во одбрана, силно и агресивно, што не беше случај на првиот меч. Тоа не не изненади, и знаевме дека Митлијанд нема да се предаде, туку ќе се обиде да одигра што подобро од она во Икаст. Така и се случи. Но, во второто полувреме одигравме подобро, и поборбено, ги намаливме техничките грешки. Не дозволивме да постигнуваат лесни голови. Со поагресивна игра во второто полувреме дојдовме до поволен резултат што не носи во Будимпешта, изјави Станковски на прес-конференцијата по мечот.

Слична изјава даде и пивотот Андреа Човиќ.

– Сакам да им честитам на моите соиграчи за уште еден пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта, и на Митјиланд за добрата игра. Во првото полувреме ние имавме многу технички грешки и затоа не успеавме да реализираме, а во второто полувреме игравме поагресивно, па не ги правевме истите грешки, рече Човиќ.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска