Осумгодишно момче со автомобил ја однело својата сестра во МекДоналдс

Од:

Осумгодишно момче од Охајо, кое било страстен љубител на чизбургерот во МекДоналдс, ја ставил својата четиригодишна сестра на совозачко седиште од автомобилот на својот татко и заминале во омилениот ресторан за брза храна.

Според локалните медиуми, момчето научило да управува со автомобил гледајќи видео снимки за возење на Јутјуб.

Необичниот настан се случил откако таткото заспал за време на неделното попладне, а мајката, исто така, задремала заедно со децата во дневната соба. Камерите забележале дека младиот возач бил повеќе дисциплиниран од своите повозрасни и поискусни колеги, прописно застанал на сите семафори и безбедно преминал преку крстосници и железничка пруга.

Кога по еден и пол километар возење братот и сестрата стигнале до МекДонлдс, вработените во ресторанот ги погледнале со неверување. Истовремено, полицијата во селото Ист Палестин, во источниот дел на Охајо, добила повик од загрижени жители, кои го забележале момчето како управува автомобил.

Младите „бегалци“ почнале да плачат кога им пришол локален полицаец, велејќи му дека имале огромна желба да јадат чизбургер, а притоа не сакале да ги разбудат своите родители. Полицијата не го казнила момчето, кое успеало да го заврши својот омилен оброк.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува