Димитриев незаконски вработува

Од:

Техничката влада на пратеникот Емил Димитриев, која воедно е во оставка, си вработува како влада со мандат, иако според мислење на Државната комисија за спречување на корупција, тоа не смее да го прави од распишување на изборите.

Техничката влада на Димитриев по изборите на 11 декември има незаконски пуштено неколку огласи, а во последниот се бараат помошник раководител на сектор за протокол, помлад соработник за истражување и анализа на пазари, помлад соработник за база на податоци и мултимедија и помлад референт за документациони работи.

Во врска со вработувањата по распишување на избори и до избор на нова влада, Државната комисија за спречување на корупција пишува:

„Од денот на донесување одлука за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Влада на Република Македонија, постои законска пречка да има нови вработувања во државната јавна администрација, освен во случај на итни и неодложни работи.“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места