Карл Билд: Затворање на портата на ЕУ поттик за мрачните сили

Од:

Во медиумските известувања околу ЕУ годинава, со оглед на економската криза во Грција и во други јужноевропски земји, одвај беше споменувана можноста од натамошно проширување на Унијата со нови членки, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шведска, а особено шефот на шведската дипломатија Карл Билд, силно се залага за прием на нови членки.

На последниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, се направени мали, но, според Карл Билд, сепак значајни чекори.

Според него, проширувањето на ЕУ има големо значење. – Проширувањето е едно од најзначајните и најтешки политички подрачја со кои се соочуваме, при што продлабочувањето на соработката на тој план само ја засилува економија и стабилноста во Европа, вели Билд.

Проширувањето значи дека ЕУ станува поважен глобален фактор, но, како што потенцира Билд, пред се претставува поттик за забрзување на процесот на помирување, меѓу другото, на Балканот.

– Ако портата на ЕУ биде затворена за балканските земји, ќе се отвори простор за други, мрачни сили, вели шефот на шведската дипломатија за „Свенска дагбладет“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он