Романскиот премиер Сорин Гриндјану изјави денеска дека прифаќање на еврото ќе биде можно само откако приходите на Романците ќе бидат близу оние на останатаите држави од Европската унија.
– Треба да се увериме дека таа валутна промена се прави паралелно со промената на приходите. Преминување кон евро може да се случи кога приходите на Романците ќе бидат близу до оние на другите земји-членки на ЕУ, истакна Гриндјану на седница на Комитет за прифаќање на еврото како национална валута.
На седницата беше укажано од експерти дека Романија може да се приклучи на еврозоната по најмалку девет години ако економијата има раст од пет отсто, но ако економскиот развој е со досегашното темпо, тогаш ќе бидат потребни – 13 години.