Турските кајакари најуспешни на 49-тиот ИКАС

Од:

Турските натпреварувачи беа најуспешни на 49-тото издание на Илинденскиот Кајак Слалом (ИКАС) кој викендов се одржа во СРЦ „Матка“ крај Скопје.

Турскиот кајакар Мустафа Арда Ацар беше најбрз и најснаодлив во дисциплината К1 остварувајќи речиси 2 секунди подобар резултат од Гркот, Панајотис Зисекас, додека на третото место се пласира неговиот брат Анил Ацар.

Најдобро рангиран македонски кајакар беше Љубомир Спасиќ кој заврши на четвртото место и тоа со заостанување од околу 10 секунди зад водечкиот. Борче Мирчевски го освои 7. место, Христијан Игњатов заврши на осмата позиција, Енис Небиовски на 9. место и Сашко Нацев на десеттата позиција.

Во женска конкуренција, првите две места ги освоија Турчинките Седа Нур и Гамзе Полат, а бронзениот медал го освои Олена Никодовск.

Во Ц1, триумфираше Антонио Мариниќ од Хрватска, пред Србинот Горан Јовановиќ, а трет беше Мурат Читчи од Турција. Единствениот македонски кајакар во финалето, Роберт Папазов заврши на 4. место.

Во женска конкуренција победи Турчинката Кадер Коркмаз.

На годинашниот ИКАС 2017 учествуваа натпреварувачи од Македонија, Турција, Грција, Хрватска, Србија, Украина, Финска, Унгарија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Ана Ололовска

Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија

Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

Скопје од утре домаќин на Европското првенство во кајак спуст

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска