Романија би сакала да гради врски со Русија во духот на прагматизмот и предвидливоста, изјави министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану за телевизискиот канал „Диџи-24″, јави ТАСС.
– Политиката на Романија во однос на Русија е многу едноставна. Ние сакаме да имаме прагматични и предвидливи односи кои ги земаат предвид интересите на двете држави и се базираат на општоприфатените норми и принципи на меѓународното право, рече министерот.
– Овие односи ќе се развиваат само во услови на реципроцитет, ако не се во спротивност со воведените санкции од страна на ЕУ санкции против Русија, бидејќи Романија се приклучи кон оваа политика и ја поддржува, изјави Мелешкану.
– Ние сакаме да водиме дијалог за такви теми како неширење на нуклеарното оружје и во други сфери, кои не спаѓаат под санкциите, рече романскиот министер за надворешни работи.