Претрес на станови на опозициски лидери во Москва

Од:

Полицијата изврши претрес во становите на неколку опозициски лидери во Москва во пресрет на утрешниот протест „Марш на милионите“.

Со ова продолжува истрагата за нападите на полицијата кои се случија за време на опозицискиот протест, одржан на 6 мај во Москва против инаугурацијата на Путин.

Полициската акција ја потврди претставникот на Истражниот комитет Владимир Маркин, како и блогерот и еден од водачите на протестите на 6 мај Андреј Навални, кој тврди дека претрес е извршен и на становите на Сергеј Удалков и Илја Јашин и други лидери на вонпарламентарната опозиција.

Адвокатот на Навални обвини дека полицијата без налог за претрес или каков било документ за потврда извршила претрес во станот на неговиот клиент.

Претходно во рамките на истрагата на настаните од 6 мај, дванаесет лица веа уапсени со обвинение дека учествувале во масовните немири и напади врз полицијата. Некои од нив и кривично ќе одговаат пред Судот.

Опозицијата на 6 мај, ден пред инаугурацијата на Владимир Путин, организираше протест симболично наречен „Марш на милионите“ на кој присуствуваа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе на плоштадот Балотнаја.

Мирниот протест прерасна во насилства откако дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Во судирите беа повредени 30 полицајци, а околу 400 демонстранти беа приведени на самотот место.

Ист таков „Марш на милионите“ е најавен за утре.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија