Градскиот дувачки оркестар, кој работи при Младинскиот културен центар, денеска ќе одржи концерт во Градскиот парк во Скопје, на Школка.
Концертот ќе трае околу еден час, а ќе бидат изведени повеќе композиции како Здраво! (Hello – R. Cardon), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton), Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North)…
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани давајќи им свечана нота.
На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…