Општина Пробиштип организира бесплатни курсеви по англиски јазик

Од:

Бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица организира општина Пробиштип. Курсевите ќе почнат кон средината на месецов, а ќе траат од три до четири месеци.

Досега за изучување на англиски јазик се пријавиле над 40 граѓани, а групите ќе се формираат според тоа, колку вкупно лица ќе се пријават.

Раководителот на Одделението за Локален економски развој во општина Пробиштип, Ирена Бошкова изјави дека огласот веќе е во тек, а годинава новина е што часовите по англиски јазик ќе ги држи волонтер од Мировниот корпус.

– Веќе ги имаме подготвено програмите за работа, односно ги имаме подготвено сите часови. Имаме пуштено оглас, кој е јавен и сите заинтересирани возрасни лица од 18 години, па натаму можат слободно да се пријавуваат во општина Пробиштип. Ние сме спремни да ги формираме групите и бројот не е ограничен, додаде Бошкова.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал