Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт од циклусот „Витурози“, на кој првпат во Македонија ќе биде изведено делото „Лет“ на младиот австралиски композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев.
Солист ќе биде Филип Бернол – меѓу најистакнатите современи француски флејтисти, кој ќе го изведе Концертот за флејта и оркестар од Карл Рајнеке. Бернол е професор по камерна музика на Парискиот конзерваториум и професор по флејта на Националниот конзерваториум во Лион.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води енергичниот американски диригент Еван Крист, шеф-диригент и музички директор на Операта и симфонискиот оркестар во Котбус, Германија.
На програмата на вечерашниот концерт на Филхармонијата ќе биде и ретко изведуваната Симфонија во три става од Игор Стравински.