Уставниот суд поведе постапка за Законот за просторно и урбанистичко планирање

Од:

ставниот суд на денешната седница поведе постапка по иницијативата за оценување на уставноста на член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во целост, а особено ставот 2 во делот: „посебен интерес“. Оваа законска одредба дозволува со урбанистичко-планска документација да се градат објекти кои Владата со одлука ќе ги утврди дека се од посебен интерес.

Подносители на иницијативата се неколку невладини организации и граѓани, кои сметаат дека со овој член од Законот се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Според нив, со оваа одредба и се дава можност на Владата без јасно определени критериуми да определува градби од посебен интерес.

Судиите одлуката за поведување постапка ја донесоа со мнозинство број на гласови.

На седницата меѓу судиите се постави дилемата зошто во Законот никаде не се дефинира што е „посебен интерес“ и нема јасни критериуми на кој начин се определува. Оттука на Владата и се одврзани рацете се што смета да опредили дека е посебен интерес. Од друга страна пак, некои од судиите сметаат дека Владата има дискреционо право да определи кои објекти се од посебен интерес и во рамки на планираниот простор со планови донесени од општините ја поминале комплетната постапка за нивно донесување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

На денешната седница не беше поведена постапка по иницијативата поднесена на член 153, став 6 во делот „во висина од 50 отсто од наградата и трошоците за преземање на соодветно правно дејство пропишани со Нотарската тарифа“ и член 182 став 2 од Законот за нотаријатот.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска