Европскиот парламент го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година

Од:

Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година во согласност со договорот постигнат со државите членки, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европратениците прифатија намалување на предвидените издатоци за идната година со исправка од шест милијарди евра, кои ќе послужат за плаќање на издатоците направени во 2012 година, но кои се уште не се платени.

Европската комисија за оваа намена бараше девет милијарди евра. Според прифатенеиот договор новиот буџет кој ќе биде усвоен на почетокот од 2013 година ќе треба да ги покрие сметките направени во 2012 година.

Буџетот на ЕУ за 2013 година изнесува 132,2 милијарди евра кредитна линија, наместо побараните 138 милијарди од Комисијата. Постигнатиот договор предвидува измена на буџетот на ЕУ во текот на годината, ако се појави нов дефицит.

За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.

Според изгласаниот документ во Стразбур, буџетот на ЕУ претставува само 0,99 отсто од бруто домашниот производ, односно 1,13 отсто ако се земе предвид буџетот со предвидените трошења. За споредба буџетот во 2012 изнесуваше 1,05 проценти и 1,15 отсто. од БДП.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он