Турските граѓани ќе поседуваат „паметни лични карти“ со кои ќе можат дури и да повлекуваат пари од банкомати.
Првите такви карти ќе бидат доделени на граѓаните в година, во рамките на проектот што треба да почне во јуни во округот Болу, Северна Турција. Со проектот опфатени се два милиона граѓани.
Предвидено е за три години сите Турци да имаат модерни лични карти односно тоа ќе биде една картичка која ќе ги замени возачката дозвола, банкарската картичка, здравствената книшка, како и електронскиот биле за јавниот превоз.