ФСП: Врхушката не може да зборува за патриотизам по сето зло што го посеа во државава

Од:

Форумот на слободоумни патриоти го осудува однесувањето на лажните патриоти и нивните смешни обиди да се спасат од злоделата кои во континуитет ги прават во последните неколку години.

Ниту еден обид неможе да ја поправи сликата која што ја направивте со вашите злодела, па дури ни Манифестот што вчера го промовиравте.

Тоа за нас е уште еден евтин трик и во него воопшто не гледаме чесна намера бидејќи во изминатите 11 години ниту еднаш и со ниту една ваша постапка не придонесовте за единствена Република Македонија и национален консензус по клучните државни прашања, напротив побитни ви беа делењето на тендери и личниот комодитет!

Пред да продолжите да зборувате за патриотизам и за единствена Република Македонија должни сте да излезете и пред народот прво јавно да се извините за тоа што:

• дрско преговаравте за промена на името на Република Македонија,
• ја оддалечивте Република Македонија од членство во ЕУ и НАТО и не го почитувате договорот за стратешко партнерство со САД,
• го урнавте правниот поредок и правната држава со поставување на горди послушници од некакви си тефтерчиња,
• извршивте невиден упад во државата и нејзините институции поставувајќи горди послушници со сомнително минато, образование и национална определба,
• со контра протести го поделивте народот на подобни и неподобни граѓани,
• со вашите лоши политики допринесовте да се случи невиден раскол во партијата, брат со брат да не сакаат да се видат,
• со образовните програмите по т.н. Кембриџ извршивте невиден геноцид врз сопствената младина,
• во 2011 година го прекинавте пописот и политички манипулирате со него,
• со лошата казенана политика затворивте илјадници мали и средни претпријатија,
• во 2008 и во 2011 година го гласавте Законот и измените на Законот за јазици,
• во 2011 година ги амнестиравте т.н. Хашки случаи, злосторства против Македонци,
• во континуитет ги прогонувате Генералите кои во 2001 година ја бранеа Македонија,
• во 2011 година командант на УЧК поставивте Министер за одбрана,
• ветивте, а не донесовте Закон за бранителите,
• без ниеден критериум заради политички интерес дозволивте 30000 рамковни вработувања во државната администрација, притоа истите земаат плата додека седат дома,
• дозволивте преку 300000 млади да се иселат од државата,
итн. списокот на вашите злодела е долг!

Исто така ве повикуваме вас лажните патриоти да му објасните на народот какви преговори водевте 20 дена додека го имавте мандатот и со што се сложивте од предавничката и злосторничка платформа!

За крај сакаме да ви укажеме вам од врхушката дека не може да зборувате за патриотизам и единствена Република Македонија после сето зло што го посеавте во државава. За нас смешни се обидите за патриотизам и единствена Република Македонија да зборуваат луѓе кои имаат пасоши од други држави и во минатото се декларирале како припадници на друг народ“, се вели во соопштението на ФСП.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска