Ракометните екипи на Веспрем и на ПСЖ изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва во реванш осминафиналните дуели остварија победи на домашен терен над Загреб, односно Нант.
Унгарскиот првак Веспрем и во реваншот го совлада хрватскиот шампион Загреб со 29:19 или вкупни 52:41.
Во дуелот на француските екипи ПСЖ денеска беше подобар од Нант со 35:27 и со вкупен резултат 61:53 избори четвртфинале.
Претходно Кил во „германската пресметка“ беше подобар од Рајн Некар Ловен со вкупен резултат 50:49.
Утре се играат уште три реванш дуели: Киелце – Монпеље (28:33 прв натпревар), ПИК Сегед – Монпеље (26:24) и Флензбург – Мешков Брест (26:25).
Македонскиот првак Вардар кој беше слободен во оваа рунда во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Флензбург – Мешков Брест.