Проект „Со зеленило против загадувањето“ во Општина Илинден

Од:

„Со зеленило против загадувањето“ – Проект во областа на заштитата на животната средина што се одвиваше во текот на месец март во Општина Илинден, е успешно реализиран – озеленети се 20 локации, на површина од 60.000 м2 и засадени се 1.000 листопадни и зимзелени садници.

– Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница, се вели во соопштението од општина Илинден.

Како дел од своите стратешки определби, општината Илинден продолжува со континуирани активности што директно влијаат на подобрувањето и заштитата на животната средина.

Грижата за животната средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска