Панел-дискусија за 60–годишнината од Римскиот договор

Од:

Во рамки на одбележување на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, Европското движење во Република Македонија организира панел-дискусија поврзана со прашањата за развојот на Европскиот проект од формирањето на Европската економска заедница до денес.

На панел-дискусијата ќе бидат разгледани и актуелнте состојби во ЕУ, но и европската перспектива на Република Македонија.

– Со оваа панел-дискусија ја продолжуваме традицијата на водење дебати за ЕУ и евроинтеграциските процеси на Република Македонија, употребувајќи интелектуален дискурс, велат од ЕДРМ.

Говорници се претставници на академската средина, на дипломатските претставништва во Македонија, и лица активни во доменот на евроинтеграциските процеси и други јавни личности.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати