Полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од страна на наставник бил пријавен вчера во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци. Оваа информација денеска за МИА ја потврдија од СВР Велес.
Според пријавителите, тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката.
– Случајот е документиран во ПС ОН Кавадарци и е доставен до Основно јавно обвинителство Кавадарци, соопшти СВР Велес.