Вратата на ЕУ останува широко отворена. Очекуваме чекори напред од земјите од Западен Балкан кои сакаат да и се приклучат на Унијата. Членството во ЕУ носи придобивки, но и обврски, порачаа евроамбасадорот Самуел Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео денеска на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим.
– Шеесетгодишнината од Римските договори не е само можност за реафирмирање на нашата посветеност на вредностите и целите на Европскиот проект туку и можност за прагматични и амбиционзи чекори напред. Чекори напред се очекуваат и од земјите од Западен Балкан кои сакаат да и се приклучат на Унијата, кои имаат јасна перспектива за членство во иднина…Овие времиња на предизвик тука и во светот бараат државнички одлуки и демократски принципи и почит на демократските институции. Интересите на граѓаните треба да се пред се, следење на камен темелниците врз кои почива Европската Унија, порача амбасадорот Жбогар.
Тој посочи дека ЕУ со години помага во подготовките на земјата за идно членство, а тоа што големо мнозинство од граѓаните ја гледаат својата иднина во семјеството на ЕУ, вели, не само што ги охрабрува, туку и ги обврзува да зборуваме гласно и да бидеме јасни за тоа кои се патиштата кои водат кон најблиско партнерство и на крај кон членство.
– Обединетоста на ЕУ не е бирократски модел, тоа е сет на заеднички вредности и демократски стандарди. Денес не е доволно да повикуваме на обедивување туку многу побважно е да ги почитување нашите заеднички правила како што се човековите права и граѓански слободи, слобода на говорот и слобода на здружување, контрола на власта и владеење на правото. Ова се вистинските темели на нашето заедништво, рече Жбогар.
Италијанскиот амбасадор Карло Ромео во своето обраќање истакна дека интеграцијата во ЕУ е единствената можна заедничка иднина за земјите од Западен Балкан, но, исто така и за Унијата, а се што е надвор од оваа перспектива, вели, претставува ризик.
– Европа не е целосна без Западен Балкан. ЕУ е посветена на евроинтеграцијата на оваа земај и на целиот регион. Вратата останува целосно отворена. Сепак тоа е двонасочен процес. Потребна е отвореност, соработка, храброст и трпение, бидејќи тоа може да биде многу долг процес за двете страни. ЕУ треба јасно да ја одржи својата политика на отворена врата и да биде целосно кредибилна во нејзиниот пристап со конкретни перспективи. Од друга страна, мора да постои јасна посветеност и видливи резултати во делот на реформите и кај земјите од регионот, особено во однос на владеење на правото и демократијата, рече амбасадорот Ромео повторувајќи ја пораката од високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини упатена за времена нејзината неодамнешна турнеја низ регионот.
Тој укажа дека Берлинскиот процес е одлична можност за реализирање на овие цели за регионот и потсети дека оваа година Италија, како негов претседавач сака да даде нов импулс на интерконективноста. Очекува на состанокот во Трст во јули, да бидат иницирани нови проекти на соработка на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Изложбата „Уште поблиска Унија“ е организирана од Историскиот архив на Европската унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на АНСА.