Закана од расцепување за Турција при појава на Курдистан?

Од:

Територијалниот интегритет на Турција во следната деценија може да биде загрозен поради можното создавање на Курдистан. Оваа прогноза се содржи во најновиот извештај на Националниот совет за разузнавање на САД за состојбите во светот во 2030 година.

Едно од шесте можни сценарија, разгледани во извештајот, предвидува појава на Курдистан, што ќе го засегне територијалниот интегритет на Турција и носи ризик од расцепување на нејзината територија.

Според извештајот, Турција исто така ќе игра се позначајна улога на меѓународната сцена и ќе има поголемо влијание врз глобалните прашања.

Во текстот се напоменува дека европските земји би требало да ја земат предвид можноста за присоединување, како и преговорите за членство на Турција во ЕУ.

Освен тоа, заедно со земји како Колумбија, Египет, Индонезија, Иран, Мексико и Јужна Африка, Турција ќе забележи економски процут.

Економиите на Европа, Јапонија и Русија, од друга страна, веројатно, ќе го продолжат бавниот прогрес, прогнозира извештајот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски